Влада
Прогласена кризна состојба во затворот „Идризово“
08.06.2023 17:31
Заради спречување на безбедносни закани, со владина одлука е прогласена кризна состојба во најголемиот затвор во земјава „Идризово“...

Заради спречување на безбедносни закани, со владина одлука е прогласена кризна состојба во најголемиот затвор во земјава „Идризово“.
Овој потег следува по информациите за недостаток на чувари во оваа казнено поправна установа. Кризната состојба ќе трае во следните 30 дена. Центарот за управување со кризи, претходно објави дека припадници на МВР и на Армијата ќе го обезбедуваат затворот поради недостаток на чувари.
Од ЦУК образложија дека бројот на вработени лица во затворската полиција е недоволен за да ги задоволи потребите.
