Ден на единицата

Свечено обележување на воздухопловниот ВИНГ

09.06.2023 08:43

На свеченоста е најавено присуство на заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага, заменикот на началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во МО, Владимир Анчев, армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, команданти на команди и единици на Армијата и други високи гости...

Со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, армискиот воздухопловен ВИНГ денеска ќе го одбележи Денот на единицата.

На свеченоста е најавено присуство на заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага, заменикот на началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во МО, Владимир Анчев, армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, команданти на команди и единици на Армијата и други високи гости.

Денот на единицата, како што соопшти Министерството за одбрана, согласно програмата, ќе се одбележи со пригодни обраќања на началникот на Штабот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на ВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски, по што ќе следува соопштување на стимулативни мерки за припадници на ВИНГ и прелет на воздухоплови од составот на единицата.