Временска прогноза

Претпладне сончево, попладне дожд

09.06.2023 08:26

Попладне претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време...

Во Македонија претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 30 степени.