Серија
ТВ серијата „Црвениот поет“ ќе се прикаже на 60. Рацинови средби
09.06.2023 09:09
Посветена е на големиот поет Кочо Рацин, работена поред сценариото на Сашко Насев, а во режија на Никола Поповски...

ТВ серијата „Црвениот поет“, посветена на Кочо Рацин, ќе биде прикажана во рамките на 60. Рацинови средби, кои ќе се одржат од 9 до 15 јуни. Посветена е на големиот поет Кочо Рацин, работена поред сценариото на Сашко Насев, а во режија на Никола Поповски.
Снимена е во 2016 година и содржи 10 епизоди. Ќе се прикажува од 12 до 14 јуни во амфитеатарот на Младинскиот парк.