Образование

Крај на учебната година за средношколците, основците ќе учат до среда

09.06.2023 09:15

Учебната 2022/2023 година денеска завршува за средношколците, но не и за основците за кои крајот на наставата ќе биде во среда, 14-ти јуни...

Учебната 2022/2023 година денеска завршува за средношколците, но не и за основците за кои крајот на наставата ќе биде во среда, 14-ти јуни.

Во основните училишта учебната година е продолжена три дена затоа што беше продолжен зимскиот распуст, заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата. Второто полугодие од учебната година наместо на 18-ти јануари почна на 23-ти јануари.

Матурантите, пак, утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен. Пријавените кандидати имаа можност да избираат од седум предмети: математика, англиски јазик, француски, германски, руски јазик, естетика или филозофија.

Првиот екстерен испит, задолжителниот мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература 15.620 матуранти го полагаа на 27-ти мај.