Продолжува санирањето на штетите од невремето во Делчево
Во невремето поплавени беа голем број куќи во пониските делови од градот, а најзагрозени беа жителите од населбата Пролет чии куќи поради излевањето на река Габровчица пливаа под вода. Поплави беа регистрирани и на улицата Царевоселска, Булевар Македонија, во населбата Студена Чешма и други населби, кои за среќа поминаа без човечки жртви.

Во Делчево продолжи испумпувањето вода и санирањето на штетите по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати градот. Доцна синоќа помош на луѓето им пружаа пожарникари од Кавадарци, Кочани, Берово и Македонска Каменица кои се одѕваа на повикот на градоначалникот на Делчево.
Во невремето поплавени беа голем број куќи во пониските делови од градот, а најзагрозени беа жителите од населбата Пролет чии куќи поради излевањето на река Габровчица пливаа под вода. Поплави беа регистрирани и на улицата Царевоселска, Булевар Македонија, во населбата Студена Чешма и други населби, кои за среќа поминаа без човечки жртви.
Во текот на ноќта освен пожарникарите на терен беа и вработени во комуналното претпријатие кои со механизација расчистуваа дел од наносите на патната мрежа.
Градоначалникот на Делчево информираше дека се ставени во функција сите расположливи ресурси, но за целосно справување со последиците ќе биде потребна и поголема поддршка. Апелираше, загрозените граѓани да ја пријавуваат состојбата на дежурниот телефонски број.
