Македонија

Музичарите од Македонската филхармонија со црвени ленти - државата го игнорира протестот

09.06.2023 09:37

Вработените во Филхармонија протестираат веќе три месеци, а Министерството за култура молчи и целосно ја игнорира нашата борба. Со игнорирање на проблемите не се намалува штетата, напротив уште повеќе се продлабочува, велат од Синдикатот на Македонска филхармонија, се наведува во соопштението на Синдикатот на Македонска филхармонија...

Музичарите од оркестарот на Македонската филхармонија и на синоќешниот концерт „Звукот на новата генерација“ носеа црвени ленти во знак на протест, бидејќи Министерството за култура сè уште не ја промени одлуката за просторно сместување на втора институција во концертната сала, наменски изградена да ги задоволи потребите на единствениот симфониски оркестар во земјата.

„Нашиот протест продолжува се до конечната промена на одлуката“, рече концерт мајсторот Анна Кондратенко, пред почетокот на концертот.

Вработените во Филхармонија протестираат веќе три месеци, а Министерството за култура молчи и целосно ја игнорира нашата борба. Со игнорирање на проблемите не се намалува штетата, напротив уште повеќе се продлабочува. Со негирање и непочитување на најважните институции од културата, државата покажува каков е нејзиниот однос кон традицијата и трајните вредности создавани со децении од генерации уметници кои животот го оставиле на сцената, се наведува во соопштението на Синдикатот на Македонска филхармонија, се наведува во соопштението на Синдикатот на Македонска филхармонија.

Протестите на вработените во Македонска филхармонија ќе продолжат и следната недела, пред Владата на РСМ.