МВР
Претрес во струшко, пронајдени пушка и куршуми
09.06.2023 09:40
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 71 куршуми од различен калибар и една воздушна пушка.

Вчера во с.Ташмаруништа, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.Н.(68) од с.Ташмаруништа.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 71 куршуми од различен калибар и една воздушна пушка.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
