Украина ја започна контраофанзивата
Над 5.000 луѓе се евакуирани од регионот по пукањето на браната Каховка. Руските сили го гранатираа јужниот украински град зафатен од катастрофалниот пад на браната, соопштија украинските власти...

Западните медиуми тврдат дека на фронтот е почната украинската контраофанзива. Претседателот Бајден и британскиот премиер Сунак ја повторија посветеноста да и помогнат на Украина да ја одбие тековната руска инвазија. Бајден тврди дека Западот направи се за да го подготви Киев во контраофанзивата.
Во меѓувреме, над 5.000 луѓе се евакуирани од регионот по пукањето на браната Каховка. Руските сили го гранатираа јужниот украински град зафатен од катастрофалниот пад на браната, соопштија украинските власти.
„Ја изразуваме нашата длабока загриженост поради гранатирање на Херсон за време на евакуацијата од областите поплавени по уништувањето на браната на хидроцентралата Каховка. Најмалку девет лица, вклучително и полиција, медицински и спасувачки персонал, се ранети во градот како резултат на гранатирањето што се случи за време на тековната операција за евакуација“, изјави Сергиј Кислица-Постојан претставник на Украина во Обединетите нации.
Украинската армија потврди и дека во текот на ноќта соборила 10 руски беспилотни летала и четири крстаречки ракети.
