САД
Трамп пред ново судење
09.06.2023 09:47
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се соочува со нови обвиненија за незаконско ракување со доверливи документи откако ја напушти Белата куќа...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се соочува со нови обвиненија за незаконско ракување со доверливи документи откако ја напушти Белата куќа.
Трамп на социјалната мрежа „Вистина“ објави дека е невин и во вторник треба да се појави пред федералниот суд во Мајами, каде што ќе биде уапсен и ќе бидат прочитани обвиненијата против него.
Во моментов според анкетите на јавното мислење тој е најсилниот кандидат на републиканците во трката за кандидатурата за Белата куќа идната година.
