Канада

Пожарите што беснеат низ Канада оставија раселени 20.000 луѓе

09.06.2023 09:48

Повеќе од пожарите што беснеат низ Канада оставија раселени 20.000 луѓе. САД испратија повеќе од 600 пожарникари за справување со пламените јазици...

Повеќе од пожарите што беснеат низ Канада оставија раселени 20.000 луѓе. САД испратија повеќе од 600 пожарникари за справување со пламените јазици.

„Канаѓаните низ целата земја беа погодени од шумски пожари и чад и со зголемени температури. Во моментов горат 82 шумски пожари низ провинцијата, а од 1 април 2023 година, 382 шумски пожари уништија над 520.000 хектари“, изјави Бовин Ма-министер за управување со вонредни состојби и климатска подготвеност.

Канадскиот премиер Џастин Трудо телефонски разговараше со претседателот на САД Џо Бајден. Двајцата лидери ја изразиле потребата да работат заедно за да се решат разорните влијанија од климатските промени. Чадот од пожарите предизвика анормно загадување во неколку градови во САД.