Македонија

МЗШВ: Препорака до лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница

09.06.2023 09:47

Пламеницата на лозата е болест која редовно, секоја година се јавува и причинува помали или поголеми штети. Таа ги напаѓа сите зелени делови на лозата: листовите, ластарите, цутовите, гроздот и гроздинките. Лозата е најосетлива во фазата на интензивен раст и на крајот при зреењето на грозјето...

Согласно спроведениот инспекциски надзор за утврдување на здравствената состојба на лозовите насади, во сите вински региони во државава, ДИЗ информираше дека кај повеќето има појава на болестите пламеница и пепелница. Во различни региони, присутноста на болести во лозовите насади е со различен интензитет. Станува збор за економски штетници кои се честа појава особено во услови на зголемена влага, а во мометов климатските услови се многу погодни за ширење на болеста.

Пламеницата на лозата е болест која редовно, секоја година се јавува и причинува помали или поголеми штети. Таа ги напаѓа сите зелени делови на лозата: листовите, ластарите, цутовите, гроздот и гроздинките. Лозата е најосетлива во фазата на интензивен раст и на крајот при зреењето на грозјето. Идеалните услови за развој на пламеницата се предизвикани од врнежливиот период, што доведува до губење на квалитет и на принос во лозовите насади.

Од тие причини, Министерството заедно со АПРЗ подготвија насоки за земјоделците со препорака со кој препарати треба да се третираат лозовите насади за да се спречи ширење на болеста и да се минимизираат загубите. При тоа, различни сорти се во различен вегетативен период, некој почнуваат да цветаат а другу веќе прецветуваат. Поради тоа, препораката од АПРЗ опфаќа решенија за заштита за двете фази, а лозарите самите треба да одберат со кој препарат ќе ги третираат лозјата соодветно на вегетативната фаза на сортата која ја одгледуваат.

Министерството ги повикува сите лозари внимателно да го изберат препаратот кој е соодветен за регионот и за сортата која ја одгледуваат и во ниту еден случај да не користат препарати кои не се дозволени за употреба.

Сите земјоделци кои поради лошите климатски услови се соочуваат со неповолен развој на растителното производство за било која култура, слободно нека се обратат до советниците во АПРЗ или до подрачните единици на министерството, за да добијат стручни совети за заштита на производната сезона.