Франција
Се истражуваат мотивите за нападот на лицето кое рани четири деца со нож во Франција
09.06.2023 09:50
Сириецот претходно добил азил во Шведска пред 10 години, а тоа го побарал и во Швајцарија и Италија. И натаму се истражуваат мотивите за нападот...

На почетокот на овој месец, француските власти го одбиле барањето за азил на човекот кој рани четири деца и едно возрасно лице во напад со нож во близина на езерото Анеси, во истоимениот град.
Сириецот претходно добил азил во Шведска пред 10 години, а тоа го побарал и во Швајцарија и Италија. И натаму се истражуваат мотивите за нападот.
Министрите за внатрешни работи на земјите-членки во Луксембург, разговараа за договор за клучните закони од областа на миграцијата и азилот, за кои веќе неколку години неуспешно се преговара.
