Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ
Централниот и Извршниот одбор на СДСМ одржуваат седници. Тема- начинот и формата за продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ...

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, по новите околности на политичката сцена по средбата на лидерите на двете партии, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски бара избори за широка влада без ДУИ и важност на уставните измени кога ќе станеме членка на ЕУ.
Премиерот Ковачевски по средбата со вршителот на работите во Амбасадата на САД во земјата, Ерик Мајер на Фејсбук објави дека ова е период кога треба да ги донесеме клучните одлуки за забрзување на евроинтеграцискиот процес, бидејќи ЕУ е нашиот единствен пат.
