Вонредна седница во Делчево поради штетите од невремето
На седницата ќе биде донесена одлука за формирање комисија за процена на штети, а ќе биде објавен и јавен повик преку кој ќе се информираат граѓаните за постапката за пријавување штети...

Советот на Општина Делчево закажа вонредна седница поради големите штети предизвикани од невремето кое вчера го зафати Делчево. Како што информираше претседателот на Советот, Гоце Попов на седницата ќе биде предложена одлука за прогласување елементарна непогода од поплави во Делчево.
На седницата ќе биде донесена одлука за формирање комисија за процена на штети, а ќе биде објавен и јавен повик преку кој ќе се информираат граѓаните за постапката за пријавување штети.
Воедно од утрово продолжија активностите за санирање на штетите на поплавените објекти. Екипи на Јавното комунално претпријатие интензивно работат на расчистување на земјениот нанос на улиците, а во моментот на терен се и стручни екипи кои прават увид на оштетените коловози на неколку улици, со цел да се преземат мерки за итно санирање на штетите.
