НБРМ: 2014-та ќе имаме 3,7% раст а 4,4 % следната година
Народната банка не ги промени очекувањата за растот на домашната економија во 2014 - та според централната банка економијата ќе порасне за 3,7% а догодина за 4,4%.

Економскиот раст ќе го движат јавните инвестиции на државата,како и работењето на новите капацитети што ги отворија странските инвеститори. Народната банка останува на проекциите промени има кај инфлацијата таа годинава се очекува да биде 1 % раст има кај кредитирањето банките се охрабруваат да одобруваат повеќе кредити за приватните фирми и заклучно со првиот квартал кредитниот раст достигнал 5 %.
Kај населението е поинтензивен кредитниот раст, во целина стапката е некаде оклу 7.5% до крајот на годината очекуваме значи да продолжи интензивирањето кај претпријатијата но сепак појака ќе биде стапката кај населението. Народната банка очекува банките годинава да одобрат околу 8% повеќе кредити од лани што ќе се одрази позитивно и на заживување на економијата. Очекувањата на централната банка се во наредниот период да се обезбеди пораст на девизните резерви како резултат на зголемување на капиталните приливи.
