Одбрана

Одбележан Денот на воздухопловниот ВИНГ

09.06.2023 12:20

Воздухопловниот ВИНГ се развива во модерна единица според стандардите на НАТО. Во план е набавка на нови повеќенаменски хеликопери, а постојните се ремонтираат. Се вложува во обука на персонал во школата за обука што е дел од мрежата на НАТО од 30 центри за летачка обука во Европа.

Хеликоптерскиот ВИНГ на Армијата го прослави својот 31-ви роденден од формирањето. Воздухопловниот ВИНГ се развива во модерна единица според стандардите на НАТО. Во план е набавка на нови повеќенаменски хеликопери, а постојните се ремонтираат. Се вложува во обука на персонал во школата за обука што е дел од мрежата на НАТО од 30 центри за летачка обука во Европа.

Воздушната одбрана на македонската територија е дел од активностите на хеликоптерскиот ВИНГ засилена и со новите системи за противводушна одбрана.

За побезбедно македонско небо придонесуваат и прелетите на сојузничките авиони од Грција, во рамките на НАТО воздушното патролирање.

Освен операции во мисии и задачи на Армијата, армиските хеликотери помагаат и при справување со природни непогоди, евакуација, гаснење пожари.

 

Ирина Гелевска