Македонија има национален план за заштита од глобалното затоплување
Глобалните климатски промени и се закануваат и на Македонија. Зимата наликува на пролет , пролетта на есен , поројни дождови , суши , температурни разлики.
Драматични нарушувања кои директно влијаат на лугето. имаме национален план , како ке се справуваме. Со националниот координатор разговара Сузана Фиданска Стоевска.
Има повеќе фактори, водните ресурси се едни од нив, промената на биолошката разновидност, нов сектор, кој што е обработен во националниот план е влијанието врз културното наследство , ние сме една од земјите на светско ниво која што има направено таков вид на анализи за влијанието на климатските промени врз културното наследство. Нашите анализи укажуваат на можни драстични промени како на пример порастот на температурите - 3,9 степени целзиусови до 2100-тата година, во услови кога не би се преземало ништо, во услови на едно таканаречено базично сценарио. Тенденциите на светската јавност е навреме да се превенираме, вели Tеодора Грнчаровска Обрадовиќ
