Вечерва во Прилеп почнува театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“
Вечер во Прилеп свечено ќе биде отворено 57-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Ќе го отвори претставата на велешкиот театар „Нема струја за електричниот стол“ која е една од десетте во официјалната конкуренција. Добитници на наградите за животно дело се актерите Петар Мирчевски и Петар Темелковски...
Со доделување на наградите за животно дело на актерите Петар Мирчевски и Петар Темелковски, со првата претстава во официјалната конкуренција на велешкиот театар, вечер во Прилеп ќе биде отворен 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Празникот на театарската уметност годинава е под мотото „Враќање дома“
Десет претстави во официјалната конкуренција за награди, пет во независната продукција, тркалезни маси, промоции, претстави од ФДУ се дел од богатата програма на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржува во Прилеп до 16 јуни.
Најголемиот и најстар национален фестивал, кој го одразува мигот на театарската уметност кај нас е под мотото „Враќање дома“
Фестивалот ќе трае до 16-ти јуни, кога во чест на наградените ќе гостува „Народно позориште“ од Нови Сад со претставата „Последниот балкански вампир“, во режија на Александар Попоски.
Елизабета Митреска