Образоване

Завршува учебната година за средношколците, основците во училишните клупи до среда

09.06.2023 12:58

Средношколците може да здивнат. По низата предизвици, за нив заврши учебната година. Основците остануваат во училишните клупи до среда...

Година исполнета со предизвици. Лажни дојави за бомби, евакуации, празнења училишта, стравувања околу енергетската криза, неизвесност околу полагањето државна матура поради штрајкот на државниот испитен центар . Почна распустот за средношколците.

Имаше многу предизвици, но достојно се справивме со проблемите – вели директорот на гимназијата „Никола Карев“.

Пред крајот на годината, неизвесност околу полагањето на државната матура, откако вработените во ДИЦ побараа повисоки плати. Пред еден месец штрајкот беше ставен во мирување.

За разлика од средношколците, основците остануваат во клупите до среда, три дена повеќе, оти зимскиот распуст беше продолжен поради енергетската криза.

 

 

Ана Јосифовска Тодоровска