Почина 47-годишна жена, тешко повредена во сообраќајката во тунелот кај Демир Капија
Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на настанот и ќе нареди сообраќајно вештачење за да се утврдат причините на несреќата. Наредена е и обдукција на починатата 47-годишна жена – возач, која била сама во автомобилот...

Почина 47 – годишната жена што беше тешко повредена во сообраќајната несреќа која се случи денеска во тунелот кај Демир Капија.
Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на настанот и ќе нареди сообраќајно вештачење за да се утврдат причините на несреќата. Наредена е и обдукција на починатата 47-годишна жена – возач, која била сама во автомобилот, велат од Обвинителството, пренесува МИА.
Претходно од МВР потврдија дека денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „Фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот.
