Писмо на Никола Груевски до премиерот на Србија - Вучиќ
По масовните поплави во Србија и Босна, македонската влада испрати писмо дека е подготвена да им помогне на двете држави со сите расположливи средства. На секој час се следи и состојбата во Македонија. Утре кризниот штаб ќе одржи и седница. Засега според временската прогноза не се очекува влошување на состојбата во Македонија.
Ваша екселенцијо,

Со особено внимание ги следам вестите за големите поплави предизвикани од временските неприлики кои ја погодија Вашата земја, кои предизвикаа и загуба на човечки животи и големи материјални штети.
Дозволете ми, во овој тежок период за Вашата земја и за регионот, од мое лично име, и од името на граѓаните на Република Македонија да изразам длабоко сочувство за жртвите од поплавите. На семејствата кои ги загубија своите најмили, Ве молам да им пренесете дека сочувствуваме со нивната болка и дека нашите молитви и мисли се со нив.
Во духот на искрените и добрососедски односи кои ги имаме и во духот на солидарноста и пријателството на нашите народи, во оваа прилика сакам да Ве известам дека можете целосно да сметате на помошта и поддршката на Владата на Република Македонија. Подготвени сме во најбрз можен рок, во согласност со нашите можности да ги ставиме на располагање сите потребни ресурси со кои располагаме со цел справување со поплавите и санирање на штетите кои ги предизвика природната непогода.
Упатувајќи го уште еднаш моето сочувство, дозволете ми да ја изразам мојата надеж и увереност дека набрзо ќе успеете да ја нормализирате состојбата и да ги надминете последиците од поплавите.
Со почит,
Никола Груевски