Граѓаните немаат доверба во Собранието и пратениците
Граѓаните имаат ниска доверба во Собранието и пратениците, покажува истражувањето на Програмата за парламентарна поддршка за работата на Собранието, кое беше презентирано пред пратениците и претставниците на собраниските служби…

Граѓаните немаат доверба во македонското Собрание. На скала од 1 до 10 дадоа оценка 3,4, пониско од лани. Ова го покажа анкетата на Програмата за парламентарна поддршка, спроведена од февруари до април од Институтот за демократија, Националниот демократски институт и Центарот за управување со промени.
И покрај ниската доверба, граѓаните децидни- политичките кризи треба да се решаваат во законодавниот дом, а не на лидерски средби. Граѓаните забележуваат дека извршната ја контролира законодавната власт место да биде обратно, а пратениците прво се грижат за личните интереси, потоа за партиските или интересите на бизнис-заедницата.
Мнозинството граѓани смета дека бојкотот на Собранието и одолговлекувањето на дебатата за да не се донесе некој закон или одлука не се правилни начини за искажување на политичките ставови. Повеќето сметаат и дека државата се движи во погрешна насока.
Игор Панов
