Европска унија
Земјите од ЕУ се согласија за нов закон за миграција и азил
09.06.2023 13:54
Министрите за внатрешни работи на ЕУ усвоија заеднички став за регулативата за управување со азил и миграција и регулативата за процедури за азил...

Министрите за внатрешни работи на ЕУ усвоија заеднички став за регулативата за управување со азил и миграција и регулативата за процедури за азил. Законските предлози треба да бидат усвоени пред изборите за Eвропскиот парламент во јуни следната година.
За унгарскиот премиер Орбан, договорот е неприфатлив и го обвини Брисел дека сака со сила да ги пресели мигрантите во Унгарија.
