Иста цена за македонските граѓани и странците за приватно лекување во јавни установи
Ставот на здравствените власти е дека со оваа промена им се дава право на странските државјани да изберат меѓу јавните и приватните клиники, со што државното здравство станува конкурентно на пазарот...

Странците кои сакаат да се лекуваат приватно во Јавните здравствени установи во земјава да плаќаат суми како и домашните пациенти кои немаат здравствено осигурување. Министерството за здравство го објаснува испратениот допис до клиниките и институтите за усогласување на ценовниците за приватните услуги.
ВМРО-ДПМНЕ со серија критики до министерот Меџити. Од партијата велат – во време кога јавното здравство се соочува со серија предизвици, меѓу кои и недостиг на стручен здравствен кадар, власта се занимава како на странците да им обезбеди лекување.
Ставот на здравствените власти е дека со оваа промена им се дава право на странските државјани да изберат меѓу јавните и приватните клиники, со што државното здравство станува конкурентно на пазарот.
Анита Димитријевска Велковска
