Белград

Во Белград денеска нов протест „Србија против насилството“

09.06.2023 19:17

Во Белград денеска, во 18 часот, ќе се одржи шестиот протест „Србија против насилството“, со нова траса која ќе почне од Народното собрание со правење на прстен овојпат околу Владата, со фокус на протестот на образованието...

Во Белград денеска, во 18 часот, ќе се одржи шестиот протест „Србија против насилството“, со нова траса која ќе почне од Народното собрание со правење на прстен овојпат околу Владата, со фокус на протестот на образованието.

Проевропската опозиција само технички ги организира овие граѓански протести што почнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција само ги поддржува и учествува на нив.

Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедносната агенција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.