Во прекин сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица
Во прекин е сообраќајот на регионалниот патен правец Делчево – Македонска Каменица...

Во прекин е сообраќајот на регионалниот патен правец Делчево – Македонска Каменица.
Причината за прекинот, како што информираа од делчевската полиција, е пукнатина на месноста Црквенска Река поради што возилата кои патуваат кон Македонска Каменица се пренасочуваат кон селата Полето и Киселица.
-За тешки товарни возила сообраќајот на овој патен правец, кој е дел од магистралата А3 е целосно забранет, односно за сите кои сообраќаат кон поголемите градови, е пренасочен преку регионалниот пат Берово – Виница, информираа од делчевската полиција.
Екипи на полицијата се наоѓаат на влезот на Делчево и патот кој води кон село Киселица каде се информираат возачите за новонастанатата состојба.
