Политика
СДСМ формираше работна група за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени
09.06.2023 21:54
Централниот одбор на СДСМ вечерва донесе одлука за формирање работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот одбор на СДСМ вечерва донесе одлука за формирање работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и сите други парламентарни партии за операционализација на следните конкретни чекори околу уставните измени.
Работната група ќе ја предводи генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски-ЦО му дава апсолутна поддршка на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и работната група да продолжат со напорите за обезбедување широк консензус за уставните измени, а со тоа и продолжување на европскиот пат на земјата, изјави по седницата на ЦО Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.
