Велика Британија
Џонсон поднесе оставка како пратеник
10.06.2023 10:17
Џонсон поднесе оставка еден ден откако ги доби наодите на Комитетот за привилегии...

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон се повлекува од функцијата пратеник што ќе предизвика итни дополнителни избори во конституенцата на Џонсон. Џонсон поднесе оставка еден ден откако ги доби наодите на комитетот за привилегии.
Комитетот истражуваше дали Џонсон го доведе во заблуда парламентот за собирот на Даунинг стрит за време на заклучувањето на коронавирусот.
