Започнаа археолошките истражувања и конзервација на објектите во локалитетот „Стоби“
Летово започнаа со што продолжуваат неколку годишните работи на реконструкција и конзервација на објектите од археолошкиот локалитет „Стоби“ …

Започнаа годинашните археолошки истражувања и конзервација во локалитетот „Стоби“. Од страна на Министерството за култура добиени се средства за пет проекти. Тоа се конзервација на резиденцијален и комерцијален кварт, конзервација на Јужен бедем и Јужна порта близу храмот на Изида, реконструкција на плоштадот, доистражување и реконструкција на Римски театар и реконструкција на Епископска базилика.
Од година во година за жал средствата кои се добиваат од Министерството за култура се сè помали и помали, иако цените на материјалите се зголемени, што ја скратува работа на археолозите. Работите на римскиот театар продолжуваат а тоа што посетителите можат да го видат е само четвртина од гледалиштето, кое собирало седум илјади гледачи.
Почетокот на археолошките работи годинава ја означи и за отворена сезоната на посетители, кои се бројни. Од НУ Стоби според првите впечатоци, очекуваат многу гости, повеќе од рекордната 2018.
Петар Печков