МВР
Претрес во Кочани, пронајдена марихуана
10.06.2023 11:44
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при Полициската станица Кочани го привеле И.Р.(36) од Кочани...

Вчера во 16.55 часот во Кочани, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при Полициската станица Кочани го привеле И.Р.(36) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
