Образование

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит од државната матура

10.06.2023 13:00

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Според Државниот испитен центар најголем број 13.922 го решаваат тестот по англиски јазик ...

Учениците велат подготвени дојдоа и на овој завршен испит, очекуваат солидни резултати.

Полагање без проблеми и добри оценки очекуваат и од испитната комисија во оваа гимназија.

Според Државниот испитен центар и оваа година најмногу пријавени има за испитот англиски јазик 13.922, за математика 1.397, француски јазик 29, германски јазик 122, руски јазик 17 за полагање на предметот естетика се пријавиле 81 и филозофија ќе полагаат 7 матуранти.

Тие што нема да ја положат матурата во јуни втора можност ќе имаат на 9-ти и 11-ти август.

 

Билјана Јанакиеска