Македонија

ССК и Универзитетот Скопје потпишаа меморандум за соработка

10.06.2023 13:33

Претседателот на ССК, Трајан Ангеловски и ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски си подадоа рака со заеднички сили да им помогнат на младите да стекнат знаења во бизнис секторот ...

Сојузот на Стопански комори и Универзитетот Скопје потпишаа меморандум за поголема соработка на бизнисот и образованието. Претседателот на ССК, Трајан Ангеловски и ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски си подадоа рака со заеднички сили да им помогнат на младите да стекнат знаења во бизнис секторот .

Ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски порача дека најголемото богатство и најголемиот ресурс на секое општество се младите и затоа мора да се најде начин да се задржат дома, да останат свои на своето.

Соработката на двете институции е со цел да им помогне на младите да го трасираат животниот пат, со квалитетно знаење што ќе вроди со стручност на работните позиции на кои ќе се најдат во годините што доаѓаат.