Убиството на Џељал Алјети - мафиајашка пресметка или одмазда

30.11.2013 15:20

46 годишниот Џељал Алјети имал богато полициско досие

 18 кривични пријави за сторени 11 кривични дела.  Од убиство во небрежност, тепачки,  караници, насилства, недозволено држење на оружје , предизвикување на опасност, напад врз новинари. Се чини многу причини и мотиви за да се ликвидира човек, кој  беше еден од најпознатите лихвари кај нас.

-За жал сеуше немаме релевантни сознанија околу тоа кои би можеле да бидат мотивите. Истрагата тече во повеќе насоки. Лицето и предходно е добро познато на полицијата и тоа што преставува потешкотија во истрагата е што лицето било жртва во повеќе напади и мало поголем број непријатели и не само во Скопје, туку во целата држава.

Се уште трае истрагата која почна вчера попладенето. Вешти лица од крим техника , Јавен обвинител и истражен судија вршеа увид и прибираа докази.

-Обезбедени се повеќе траги, чаури од оружјето кои што се испукани на самото мести и дополнително треба да се вештачат и да се споредат со чаури од други инциденти. МВР продолжува да ги презема сите мерки за откривање на сторителот и за мотивите за убиството на 46 - годишниот Џељал Алјети. - Изјави Иво Котески портпарол и заменик министер во МВР.

Алјети е убиен вчера околу 18 часот во неговиот кафе бар ,,Ролекс,,. Маскиран маж влегол и со автоматска пушка пукал кон масата на која седел Џелјал со уште тројца - сите добро познати на полицијата. Повреден бил и еден 46-годишен Скопјанец. Со прострелни рани е префрлен во градската болница.

Автор: Наташа Гркова Петрушевска