Kлиничката болница во Тетово долго време функционира без лифтови
Клиничката болница Тетово која опслужува над 200.000 пациенти од Полошкиот регион долго време функционира без лифтови. Пациентите мака мачат додека се качат и симнат од зградите на хируршкото и интерното одделение. Министерот за здравство Фатмир Меџити најави решавање на проблемот …

Недостиг на кадар и опрема, лифтови кои не функционираат, сообраќаен хаос и немање на доволно паркинг места во кругот на Клиничката болница Тетово.
Ова се децениските проблеми на оваа здравствена установа, кои наместо да се решаваат од година во година се продлабочуваат. Најголем проблем како што велат пациентите е нефункционирањето на лифтовите, па има случаи како болни пациенти се спуштаат од одделенијата со ќебиња и чаршафи.
Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека Клиничката болница Тетово ќе добие 7 нови лифта.
Директорот на установата Плумб Вела, изјави дека местото на модуларната болница ќе се пренамени во локација за паркинг простор, а Ургентниот центар кој беше свечено пуштен во употреба деновиве ќе придонесе за подобра здравствена услуга на пациентите од Полошко.
Ургентниот центар кој беше изграден пред десетина години како што дополни Вела ќе биде место за третман на пациенти за итни случаи кои досега се третирале во амбулантите на хируршкото и интерното одделение.
Зоран Димовски
