државна матура

ДИЦ: Тестот не е пробиен, туку прашањата биле споделени откога започнал испитот

10.06.2023 15:19

Одговорите од прашањата по англиски јазик од државната матура се појавија во вибер-групи. Од Државниот испитен центар велат тестот не бил пробиен, бил споделен откако започнал испитот. Апелирале до сите матуранти и останатите вклучени во реализацијата да се почитуваат правилата. Најавуваат дека ќе постапуваат согласно законските надлежности...

Прашањата од матурскиот тест по англиски јазик се појавија во група на апликацијата „Вибер“. Од Државниот испитен центар велат тестот не е пробиен, туку прашањата биле споделени откога започнал испитот.

Апелиравме до сите матуранти и останатите вклучени во реализацијата да се почитуваат правилата за изведување на државната матура, соопштуваат од Државниот испитниот центар.

„Тестови не се пробиени до 10 часот кога и започнува тестирањето, тестови се споделени во рамките на Вибер-групите од страна на членовите откако започна реализацијата на испитот. Државниот испитен центар нагласува уште еднаш, тестот не е пробиен, туку е споделен откако е започната реализацијата на испитот“ – се вели во демантот на Државниот испитен центар. Најавуваат дека ќе постапат согласно законските надлежности со сите што ги нарушиле правилата.

Учениците велат подготвени дојдоа и на овој завршен испит очекуваат солидни резултати.

Полагање без проблеми и добри оценки очекуваат и од испитната комисија во оваа гимназија.

Според Државниот испитен центар и оваа година најмногу пријавен има за испитот англиски јазик 13.922,за математика 1.397, француски јазик 29, германски јазик 122 руски јазик 17 за полагање на предметот естетика се пријавиле 81 и филозофија ќе полагаат 7 матуранти.

Тие што нема да ја положат матурата во јуни втора можност ќе имаат на 9-ти и 11-ти август.

 

Билјана Јанакиеска