„Денот на револуцијата во исхраната“ - ќе се одбележи и во Македонија
16.05.2014 09:53
Македонија денеска ќе се вклучи во одбележувањето на 16 Мај - Денот на револуцијата во исхраната, што како светска иницијатива почна од фондацијата на готвачот Џејми Оливер.
Иницијативата се реализира преку избрани лидери амбасадори во 72 земји во светот.
Во соработка со Министерството за труд и социјална политика, во сите градинки во Македонија ќе бидат одржани часови за важноста на здравата и домашно приготвена храна, интерактивни работилници, како и заедничко готвење на рецептот - Салата „Виножито“.

Во одбележувањето на Денот на револуцијата во исхраната ќе се вклучи и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и амбасадорот на иницијативата Маја Лазаревска кои во градинката „Срничка“ во скопската општина Аеродром заедно со 100-тина деца ќе ја приготват салатата Виножито.
Во основното училиште „Владо Тасевски“ со поддршка на компанијата Тинекс, Арт-М продукција и општина Карпош, најмалку 100-тина деца ќе го приготват овој рецепт на отворено.
Во следните денови во соработка со општините Кратово и Делчево планирано е да се оддржи Food Revolution Caravan и во овие градови.
Платформата Food Revolution е основана во 2010 година и претставува движење што овозможува луѓето кои сакаат домашно приготвена и здрава да се обединат во рок од 24 часа и да се обидат да влијаат глобално. Целта е да се искористи денот и за подигнување на свеста околу важноста од добри училишни програми за храна.