Бочварски: Владата финансиски и технички ќе и помогне на општина Делчево
Министерот, заедно со министерката за животна средина Каја Шукова, директорот на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта Костадин Ацевски, деканот на Градежен факултет проф. д-р Горан Марковски, денеска во општина Делчево се сретнаа со градоначалникот Горан Трајковски и пратеничката Соња Михаилова и извршија увид на штетите предизвикани од силното невреме што го зафати регионот...

Владата застанува комплетно во поддршка на општина Делчево, на градоначалникот и сите штети што се настанати од невремето ќе ги решиме финансиски и технички со поддршка од Владата, истакна министерот Благој Бочварски при денешната посета на општина Делчево.
Министерот, заедно со министерката за животна средина Каја Шукова, директорот на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта Костадин Ацевски, деканот на Градежен факултет проф. д-р Горан Марковски, денеска во општина Делчево се сретнаа со градоначалникот Горан Трајковски и пратеничката Соња Михаилова и извршија увид на штетите предизвикани од силното невреме што го зафати регионот.
Градоначалникот Трајковски детално информираше околу настанатите штети и потенцираше дека потребна е силна поддршка од централната власт и поширока акција за овие штети да бидат санирани што е можно поскоро, а животот на граѓаните во Делчево и делчевско да се врати во нормала.
Тој потенцираше дека и во изминатите денови локалната и централната власт биле во целосна координација со што екипите на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта помагаа во санација на штетите во Делчево, обезедувајќи проодност на патиштата.
При увидот на направените штети, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова упати апел до граѓаните да не го фрлаат отпадот во речните корита.
Градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски, истакна дека целосниот извештај за критичните точки и потребната рехабилитација на инфраструктурата ќе го достават до Министерството за транспорт и врски очекувајќи брза санација на критичната инфраструктура.
