Почна да се решава проблемот со уличните кучиња во Струмица
Почна да се решава проблемот со уличните кучиња во Струмица. За четири месеци откако работи локалното јавно претпријатие заловени се над 250 улични кучиња а 50 тина од нив добија нов дом. Според одговорните од „Стационар Лана“ треба поголема свест кај сопствениците на домашни миленици …

Над 250 улични кучиња се заловени за првите четири месеци од струмичките улици од функционирањето на новото ЈП „Стационар Лана“ од кои 70 отсто се со завршен третман. Вака информираше првиот човек на ова јавно претпријатие Сузана Стојкова со што почна да се решава еден од поголемите проблеми на струмичани.
ЈП „Стационар Лана“ располага со 58 кафези и потребните карантински и амбулантски простории. Работат на принципот отворен систем со цел поголема социјализација на кучињата.
„Стационар Лана“ интензивно работи и на подигање на јавната свест кај граѓаните за овој проблем а во првите четири месеци од ова јавно претпријатие вдомени се 50 тина кучиња.
Ване Трајков
