Тетово: Да се одржуваат јавните површини
Запуштени паркови, уништени реквизити, улици без јавно осветлување. Ваква е сликата во Тетово подолг период. Тетовци апелираат општината да ги одржува јавните површини, но и граѓаните конечно да покажат еколошка свест …

Слободни јавни зелени површини не се одржуваат. Некои пак се запуштени и со децении не се пренаменуваат во парковски површини. На места може да се забележи уништена урбана опрема и реквизити.
Општината не може да одржува толку колку што можат граѓаните да уништат, особено младите на кои треба да им се посвети поголемо внимание.
Од ЈКП „Тетово“, велат дека дождливото време изминативе неколку недели не им дозволило редовно одржување на зелените површини. Голем проблем е и уништување на опремата во парковските површини.
Во Тетово има само еден парк, но со површина колку еден фудбалски стадион. Но и тој не се одржува, а вандали веќе ги демолирале повеќето реквизити.
Зоран Димовски
