Денеска предвремени парламентарни избори во Црна Гора
Црногорците очекуваат по три години политичка нестабилност и пад на две влади, да добијат нова стабилна влада за наредните четири години која ќе го „одмрзне“ процесот на евроинтеграции и ќе го забрза членството на црна гора во ЕУ...

Црногорците гласаат на предвремени парламентарни избори, шести од независноста на државата од 2006 година. Граѓаните избираат меѓу 15 кандидатски листи за пратеници. Црногорците очекуваат по три години политичка нестабилност и пад на две влади, да добијат нова стабилна влада за наредните четири години која ќе го „одмрзне“ процесот на евроинтеграции и ќе го забрза членството на црна гора во ЕУ.
Анкетите во пресрет на изборите му даваа предност на вонпарламентарно движење „Европа сега“, предводено од поранешниот министер за финансии Милојко Спајиќ.
