Лига на Шампиони
Манчестер Сити е нов шампион во Лигата на шампионите
11.06.2023 10:57
Ова е прв трофеј за Манчестер Сити во Лигата на шампионите...

Во финалето на Лигата на шампионите триумф на Манчестер Сити. Ова е прв трофеј за Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Интер одигра цврсто, квалитетно финале со Манчестер Сити но „граѓаните“ славеа со 1-0 со голот на Родри во второто полувреме. Претходно Сити славеше во Премиер лигата и ФА Купот, па триумфот во Лигата на шампионите значеше тројна круна и со тоа стана вториот англиски тим со ваков успех по Манчестер Јунајтед.
Гвардиола пресреќен што конечно со Манчестер Сити триумфираше во Лигата на шампионите и горд на тројната круна која ја освои неговиот тим.
