Судан
Повторно борби по 24-часовниот прекин на огнот во Судан
11.06.2023 11:35
Гранатирање со тешка артилерија имало во Картум, но и во Омдурман, предградие на главниот град...

Продолжија борбите во главниот град на Судан, по 24-часовниот прекин на огнот, договорен помеѓу завојуваните страни. Жители на Картум се разбудија со звуци на тешка артилерија десетина минути по крајот на примирјето. Гранатирање со тешка артилерија имало во Картум, но и во Омдурман, предградие на главниот град.
Договорот за прекин на огнот претходните 24 часа, пак, генерално бил почитуван и жителите имале можност да набават намирници или да се евакуираат од главниот град.
