ВЕЛЕС

Блаже Миневски добитник на „Рациновото признание“ за романот „Ако се родат некакви чувства“

11.06.2023 12:13

„Рациновото признание“ за роман на годината го доби Блаже Миневски за „Ако се родат некакви чувства“ авторско видување за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче. Во конкуренција за оваа престижна награда беа 14 дела...

Блаже Миневски е добитник на наградата „Рациново признание“, која ја доби за книгата „Ако се родат некакви чувства“. Наградата му беше врачена на “60 јубилејни Рацинови средби“. Делото е условно речено историски роман, за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче но со авторско интервенирање во историските факти.

Во конкуренција за наградата биле 14 романи. За признанието одлучуваше жирито во состав Јасминка Делова-Силјанова претседател, Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолоска. За нив Миневски во „Ако се родат некакви чувства“ понудил интересна, несекојдневна и нестереотипна приказна и раскажувачка постапка, која ќе го привлече вниманието на читателската публика. Беседата за Рацин годинава емотивно ја донесе професор д-р Васил Тоциновски.

„Рациновите средби“ годинава се одржуваат по 60-ти пат, продолжуваат наредните денови.