Украина

Жестоки борби на истокот на Украина, Русија се обидува да го преземе Донбас

11.06.2023 13:16

Тешки борби на истокот на Украина. Водите од поплавите се намалија во некои делови на јужна Украина. Најмалку 27 лица се водат како исчезнати...

Тешки борби на истокот на Украина додека руските сили се обидуваат да преземат целосна контрола врз Луганск и Доњецк. Украинскиот генералштаб соопшти дека противникот продолжува да се фокусира на обидите за целосно заземање на регионите Луганск и Доњецк во момент кога украинската војска спроведува голема контраофанзива.

Според претседател Зеленски најтешките битки се водат на источниот и јужниот фронт. Рускиот претседател Путин тврди дека украинските сили не постигнале напредок во контраофанзивата.

Водите од поплавите се намалија во некои делови на јужна Украина. Најмалку 27 лица се водат како исчезнати.

„За жал, гледаме дека на некои нивоа во светот едноставно постои срамна рамнодушност кон екоцидот и човечката трагедија предизвикани од рускиот терористички напад на Каховка некои светски актери не се осмелуваат да излезат со јасни и силни изјави што би го осудило ова ново руско воено злосторство. Терористите се поттикнати од оваа слабост на светот, оваа рамнодушност, тоа ги охрабрува. И ова треба да го надминеме. И ќе надминеме. Притискаме и охрабруваме меѓународните организации и меѓународната поддршка да дојдат до делот од регионот Керсон каде што сега се окупаторите“, изјави украинскиот претседател, Володомир Зеленски.

Руското Министерство за вонредни ситуации објави снимка од евакуација на цивили од поплавените области во регионот Керсон и испорака на хуманитарна помош.

„Ние имаме неколку задачи овде. Пред сè, ова е евакуација на луѓето што остануваат овде. Задача број два е испорака на хуманитарна помош: доставуваме храна, флаширана вода, пекарски производи. Во моментов водата малку стивнува. Максималната длабочина е околу еден метар, значи дека водата е длабока до половината. Претходните денови имаше многу повеќе, така што се појавува позитивен тренд“, изјави Михаил Миненко, водач на тимот за пребарување и спасување.

Министерството тврди дека нивото на водата во акумулацијата Каховка продолжува да се намалува.

 

Марина Ристова