Образование

Берин Мухамед е новиот претседател на Сојузот на средношколци

11.06.2023 16:44

Берин Мухамед ученик во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“ е новиот лидер на средношколците. Беше избран за оваа позиција од делегатите на третиот конгрес на Средношколскиот сојузот. Има двегодишен мандат …

Берин Мухамед е новиот претседател на Сојузот на средношколци одлучија делегатите на Конгресот на средношколци. Доаѓа од гимназијата „Зеф Љуш Марку“ од Скопје а негов противкандидат беше Ива Трпевски од гимназијата „Мирко Милески“ од Кичево. Вели ќе ги продолжи младинските активности од минатата година.

Изборот беше демократски и во овој момент Сојузот е целосно сплотен, потенцираше Ива Трпевски која е избрана за потпретседателка на средношколците.

За вибер-групата на екстерното полагање англиски јазик на државната матура досегашниот претседател Павичевиќ со став дека жали што тоа го дозволил системот.

Гласањето на Конгресот било со хибриден карактер, оние што биле спречени да присуствуваат гласале онлајн.

 

Билјана Јанакиеска