Иванов: Потребен е сериозен пристап кон евроинтеграцијата
Предолгото чекање за следниот исчекор во интеграциите не помага во забрзувањето на реформите во земјата и надминување на забалешките од извештајот на Комисијата, истакна Претседателот Иванов на денешната работна средба со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе во Брисел.

Предолгото чекање за следниот исчекор во интеграциите не помага во забрзувањето на реформите во земјата и надминување на забалешките од извештајот на Комисијата, истакна Претседателот Иванов на денешната работна средба со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе во Брисел.
„Укажавме дека се она што се случува последите години, нас во Р.Македонија не фрустира и нас и населението и политичите чинители. И како резултат на таа фрустрација го имаме тоа што се случува.Затоа побаравме поголема посветеност во Македонија“, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Претседателот Иванов побара на престојниот Самит на ЕУ и за Македонија да биде применет позитивниот пример на паралелно движење во евроинтеграцијата и надминување на билатералната разлика за името на Република Македонија. Првиот човек на комесаријатот за проширување на Унијата пак со порака- реформите во земјата мора да продолжат со фокус на надминување на забелешките од извештајот на Европската комисијата и ОДИХР.
Еворинтеграциите, дијалогот и соработката мегу политичките партии, изборите и постизборните случувања како и добрососедските односи, биле дел од темите на средбата мегу претседателот Георги Иванов и претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј.
„Упатија порака до сите полиички чинители на нашата земја серизно да пријдат на целиот процес на евроинтеграција и да покажат одговорност кон овој процес бидејки евроинтегарциите се одговрност на сите политички чинители во секоја земја“, рече претседателот Иванов.
„Ние двајцата се соглсивме дека дијалогот и соработката треба да се негува кај сите политички партии. Сеопфатен демократски процес е од најголема важност за да се обезбеди натамашноста стабилност и напредок. Ја истакнав оценката на ОБСЕ во која се укажува на ефикасно спроведување на изборите, но истотака ја повторив загриженоста на ОБСЕ во повикот за поделба на државата и партиските активности и неутралноста на медиумите“,се вели во соопштението од кабинетот на Ван Ромпуј.
Средбите на претседателот Иванов со европските преставници е уште една потврда за европскиот курс на Република Македонија.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник на МРТ од Брисел
