Црногорците гласаат на предвремени парламентарни избори, шести од независноста на државата од 2006 година
Граѓаните избираат меѓу 15 кандидатски листи за пратеници...

На вонредните парламентарни избори во Црна Гора до 17 часот гласале 42,2 насто од избирачите, соопшти Центарот за мониторинг и истражување. Граѓаните избираат меѓу 15 кандидатски листи за пратеници. Црногорците очекуваат по три години политичка нестабилност и пад на две влади, да добијат нова стабилна влада за наредните четири години која ќе го „одмрзне“ процесот на евроинтеграции и ќе го забрза членството на земјата во ЕУ.
Анкетите во пресрет на изборите му даваа предност на вонпарламентарно движење „Европа сега“, предводено од поранешниот министер за финансии Милојко Спајиќ. Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ изјави дека очекува новата влада да биде формирана на брз и ефикасен начин, во согласност со изборната волја на граѓаните.
