тенис

Со 23 слем трофеи, Новак испиша историја

11.06.2023 20:31

Во финалето на Ролан Гарос, во три сета со 7:6,6:3,7:5 го совлада Каспер Руд...

Новак Ѓоковиќ со победата над Каспер Руд во финалето на Ролан Гарос испиша историја во тенисот како првиот кој успеал да стигне до 23 гренслем трофеи. Новак во три сета со 7:6,6:3,7:5 го совлада Каспер Руд.

Со оваа победа, Ѓоковиќ испиша нова историја и стигна до рекордна 23-та грен слем титула во кариерата, надминувајќи го Надал кој останува на 22. Ноле од утре ќе биде нов светски рекет број еден.