Црна Гора

Движењето „Европа сега“ доби најмногу гласови на предвремените парламентарни избори во Црна Гора

11.06.2023 22:46

На изборите учествуваа 15 партии и коалиции...

Најмногу гласови на предвремените парламентарни избори во Црна Гора доби Движењето „Европа сега“, потоа алијансата „Заедно“, на трето место е коалицијата „За иднината на Црна Гора“, покажуваат првичните резултати на Мониторинг центарот. На изборите учествуваа 15 партии и коалиции.
 
Гласачките места беа затворени во 20 часот. Изборите во Црна Гора се одржуваат во време на политичка и институционална криза, десет месеци по падот на Владата.
Од последните парламентарни избори во август 2020 година, две влади беа сменети, а парламентарното мнозинство не успеа да се договори за формирање трета.